Агресивно однесување и напад на полицаец е регистриран утрово во два одделни случаи.
Како што соопшти МВР, во првиот случај, утрово во 1.00 часот на Градскиот плоштад во Берово, приведен е А.Ч.(36) од Берово. Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во вториот случај, утрово во 4.30 часот пред угостителски објект во село Кривогаштани, Х.П. физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.