Поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков, нема да го почне издржувањето на тригодишната затворска казна во струшкиот затвор утре, бидејќи побарал одложување на издржувањето за две недели, дознава Телма. Наместо утре, тој во затворот ќе треба да се јави на 22 август.

Сашо Мијалков претходно се спогоди со јавното обвинителство и призна вина во случајот „Империја“, по што доби тригодишна затворска казна, а воедно му беа конфискувани 6,1 милиони евра, како и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра.

По спогодбата, тој ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, а таму го префрли и седиштето на една од своите фирми.

Покрај Мијалков, во затворот во Струга казната (ќе) ја издржуваат уште тројца обвинети во „Империја“. И тие признаа вина и се спогодија со судот, а пред издржувањто на казната ја променија и адресата на живеење од Скопје во Охрид – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.