За влакно е избегната трагедија во семејниот дом на струшкиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Инцидентот се случил синоќа околу 21.15 часот, кога во куќата каде што живее неговиот брат со сопругата и 8-месечното бебе, бил запален автомобилот.
Пожарот е предизвикан од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин. Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале. Среќа во несреќа што во моментот кога вивнал пламенот, мои сограѓани кои поминувале пред куќата, почнале да свитат од авотомобилите и да го довивуваат мојот брат, кој не знаел што се случува.
Опожарениот автомобил беше паркиран во дворот под настрешница од дрвена кострукција, така што доколку не се забележеше пожарот веднаш, пламените јазици ќе ја зафатеа и куќата, во која напоменувам дека во тој момент беше мојот брат со сопругата и 8-месечниот син.
Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту, пак, имаат непријатели.
Така да ако ова е некаква порака до мене или до моето семејство за заплашување, длабоко се лажат, тоа нема да се случи. Напротив, ќе продолжиме уште поцврство во она во што веруваме. И уште еднаш ќе потенцирам, очекувам органите на прогонот да ги најдат сторителите и најостро да ги казнат, затоа што ова веќе не наликува на држава, наликува на некоја африканска држава од третиот свет којашто нема ни систем на демократија – вели Јаулески.
Инаку, пред точно три месеци, припадници на финасиската полиција во ситни саати упаднаа во станот на пратеникот Јаулески во Скопје и два и пол часа вршеле претрес. Како што вели Јаулески, таквиот „мафијашки упад“ бил по политичка нарачка.
И ако ова што се случи синоќа е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам – вели Јаулески.
Од СВР Охрид велат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.