Сто и пет возачи се казнети денеска на автопатот Куманово – Скопје – Велес од мобилната единица на МВР за безбедност на сообраќајот на патиштата, која спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената.

-Од нив, 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти Министерство за внатрешни работи.

МВР укажува дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.