Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди убиството на две лица вечерва во Старата скопска чаршија. Пријавата во скопската полиција стигнала во 20:11 часот и според неа, пукањето се случило во угостителски објект. Пукано е кон три лица. На третиот му се пружа лекарска помош.

„На 06.03.2023 во 20:11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за „360 степени“.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за лица од криминалното подземје кои ѝ се познати на полицијата, а еден од жртвите наводно е познат криминален бос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.