Министерството за внатрешни работи апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата велат оттаму, реагирајќи на соопштението во кое се пишува за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако, како што велат од МВР – надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот.
Наместо да шират лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, прашањата да ги упатат до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот. Токму по поднесена кривична пријава од страна на СВР Тетово на 16 август 2023 година, на Самиу му бил определен активен притвор, а на 29 септември 2023 година од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор. Покрај ова, ја известуваме јавноста дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Уште еден доказ кој ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Апелираме до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги. За работењето на МВР сведочат резултатите, намалениот криминалитет и големата доверба која полицијата ја има кај граѓаните, се вели во реакцијата на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.