МВР излезе со детали за тешката сообраќајка што се случи кај Стара рампа на влезот на Кисела Вода.

На 18.01.2023 во 22.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Македонија“, на место викано „Рампа“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Д.Д.(41) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, управувано од З.М.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил Д.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.