На 07.04.2023 околу 18.00 часот во СВР Скопје пријавено е дека настанала физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје, а непосредно потоа од Градската општа „Свети Наум Охридски“ е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б.(20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б(23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.