Телото на давеникот кое е извлечено од водите на Вардар од тим на МВР е идентификувано од страна на роднините на лицето кое се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” и е утврдено дека станува збор за него, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и координација на ЦУК со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лицето кое се фрли од мостот „Близнак” на булевар „Србија” во реката Вардар. Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост. Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР, направена е идентификацијата од страна на роднините на настраданиот и е утврдено дека се работи за лицето по кого се трагало, се наведува во објвата на веб страницата на ЦУК.

Како што претходно информираа од Центарот, по направената координација со МВР, ДЗС, локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвениот крст, со чамец се вршеше потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито од страна на специјализираните единици на МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.