Проблемот што МВР три недели не може да утврди кој стои зад лажните пријави за поставени бомби во училиштата според Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ лежи во то а што МВР наместо да се занимава со овие работи, се занимава со криминал.

Во МВР врие од корупција и МВР е главно за организација и продажба на дрога. Тоа го потврди и бившата јавна обвинителка го потврдила тоа кога изјавила дека акцијата за апсење на лица и е пробиена од МВР.

Во државата никогаш немало поголема распространетост на дрогата и тоа треба сите да го знаат. Под прекратија на МВР односно на високи структури на министерството и тоа беше потврдено дури и од самата јавна обвинителка Вилма Русковска кога требаше да се апсат поедини структури, акцијата беше пробиена, рече тој.

Според Ковачки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка и да се реформира целиот безбедносен сектор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.