Полициски службеници од СВР Велес синоќа околу 20 часот го лишиле од слобода М.Г.(26) од Велес. Тој се сомничи дека со уште едно лице во куќа во Велес, каде што извршувале промена на клима уред, одзеле пари и накит, информираат од МВР.

Според пријавеното, тие искористиле прилика и го извршиле делото кога сопственикот излегол од куќата. Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.