Жена од Куманово е уапсена откако на свој сограѓанин му ги украла мобилниот телефон и платежната картичка.
На 13 јануари 2023 во 11.45 часот на ул.„11 Ноември“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.И.Д.(36) од Куманово. Таа се сомничи дека на 12.01.2023 околу 08.30 часот во аптека на ул.„11 Октомври“ од лицето Г.М.(38) од Куманово одзела мобилен телефон и платежна картичка. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.