Доцна синоќа во 23:55 часот било пријавено дека во зграда на ул. „Дане Крапчев“ во Скопје било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 20-25 години. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.