На 10.10.2022 вo 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Св.Кирил и Методиј” во Скопје, мотоцикл „дукати” со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(43) од Скопје, удрил во пешакот С.М.(82) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.М., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.