Основното јавно обвинителство – Битола донесе „наредба“ за спроведување истражна постапка против жител на Ресен, против кого е поднесена пријава за кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“, согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и врз оштетеното дете или да го повтори делото. Судијата го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.