21-годишно момче од Гостиварско ја нападнало баба си, соопшти полицијата.
Вчера, во 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 21-годишниот Р. С. од гостиварско село, кој непосредно пред тоа бил пријавен од својата 77-годишна баба дека физички ја нападнал.
По нападот, тој бил задржан во Полициската станица Гостивар.
Случајот се расчистува и документира, а на Р. С. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.