На 11.03.2022 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај с.Мало Коњари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(25) од с.Кадино Село и патничко возило „алфа“, со прилепски реистарски ознаки, управувано од Г.З.(49) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.З. и сопатничка од возилото „голф“, Е.С.(24) од с.Кадино Село, а М.Т. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.