Мендух Тачи и Сашо Мијалков се виновни за случајот „Титаник 2“, предмет што се однесува на изборни нерегуларности, одлучи денеска Кривичниот суд – Скопје.

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година.

Судот ги ценел сите олеснителни и отежителни околности и ги огласи сите осомничени за виновни.

Лидерот на ДПА е осуден на затворска казна во траење од две години, додека пак поранешниот директор на УБК исто така доби две години затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.