Денеска, во 6.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на с.Речица, кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет.
Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот починало.
Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.