Двајцата малолетници кои силуваа и снимаа врсник во Скопје завршија во полициска станица, со присуство на родителите.
За случајот, известен е и Центарот за социјални работи.
Мајката на жртвата, 39-годишната скопјанка, во полиција пријавила дека двете деца го силувале нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.
МВР по пријавата објави дека известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во изминатиот период, МВР известува за низа случаи на пресметки меѓу малолетници, но и за врсничко насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.