На 10 април, околу 22 часот и 35 минути, во Блок 77 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот Ј.А. од тетовско Селце.

Како што соопштија од СВР Тетово, Ј.А. во 21 часот и 20 минути бил пријавен од малолетник од тетовско Јажинце дека заедно со уште едно друго лице физички го нападнале и го внеле во патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Според пријавеното, малолетникот искористил прилика и избегал од
возилото.

Се расчистува и документира случајот, велат од тетовската полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.