Малолетничка и уште две други лица биле тешко повредени во пукање што се случило во кичевското село Зајас на семејна веселба. Пукањето се случило ноќеска во три часот по полноќ, кога четириесет и шестгодишниот Б.У. од кичевското село Бачишта, кој бил на привремена работа во Австрија, од огнено оружје истрелал повеќе кушуми во воздух. Дел од нив завршиле во телата на девојчето и други две лица.
-Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола, соопшти МВР.
Пукачот е проведен и по целосно документирање на случајот, кичевската полиција ќе поднесе пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.