Нова трагедија во кумановското семејство Филиповиќ. Како што дознава „Слободен печат“, во сообраќајката во која денеска загина пешак на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, зад воланот на возилото марка БМВ била мајката на загинатата Јелена Филиповиќ – девојката чии фотографии на билборди осамнаа пред скопскиот кривичен суд со напис „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“.
Според првичните информации до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76), кој преминувал непосредно во близина на мостот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.