Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 68-годишниот Х.С. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, извести МВР.

Во текот на 2023 година, при извршени проверки на правно лице – сопственост на пријавениот, било констатирано дека трансакциската сметка била претходно блокирана поради неплатен ДДВ, а пријавениот во повеќе наврати во текот на минатата и тековната година примал парични средства на трансакциска сметка од друго правно лице, исто така, во негова сопственост, со што го оштетил буџетот на РСМ за износ од 6.186.050 денари, соопшти МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.