Минатата година, во периодот на бранот на британскиот сој на коронавирусот, скопјанка прикажала лажен ПЦР тест, а сега доби и кривична пријава за направеното.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против Р.Л.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
На 02.03.2021 на Граничен премин „Деве Баир“ пријавената употребила фалсификуван ПЦР тест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.