Полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани вчера во кругот на поранешна фабрика во с.Кривогаштани, ги привеле И.Д.(40) и Ш.Ј.(32), двајцата од Прилеп.

Како што соопшти денеска МВР, тие биле затекнати при извршување на тешка кражба, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.

-По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.