На автобуска постојка на подрачје на Центар, на 11 март околу 14.05 часот, од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода Ф.С.(53) од Скопје кој бил фатен за време на извршување на кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик.
Како што соопшти МВР, Ф.С. одзел мобилен телефон од Г.К. (63) од Скопје, но веднаш бил фатен од полициски службеници, а телефонот и е вратен на оштетената.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.