Вчера од 20.00 до 22.00 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот „ноќен радар“.

При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. При едно од пречекорувањата на дозволената брзина, регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е сооодветен поднесок, велат од МВР.

Тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.