На 17.04.2022, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во соработка СВР Струмица и Управата за јавни приходи извршиле контрола во повеќе казина и автомат клубови на подрачјето на Гевгелија, соопшти МВР.

Од извршената контрола, од страна на УЈП во четири објекти биле констатирани неправилности во однос на водење книга за благајна, неистакнати правила за игра на јавно место, нередовно водење сметководствени книги и неправилности во книгите за дневен промет. Исто така, во едно казино дневниот промет не бил пријавен подолг период, додека во друго казино бил пронајден покер апарат со спорен сериски број.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.