Група битолчани со мирен протест пред Основниот Суд во Битола побараа да биде одлободен од притвор Тони Ѓоргиевски-Фердо, за кого е поведена истрага заради убиство на Стојанче Соколов (44) исто така од Битола.
Осомничениот Тони Ѓоргиевски-Фердо е притворен по неодамнешното убиство над Соколов, кое според учесниците на протестот е извршено со цел да се заштити семејството на Ѓоргиевски.
Починатиот Стојанче Соколов е познат на полицијата како прекршител на закони, а 20 години ги малтретирал семејство Ѓоргиевски.
Пред да се случи убиството, истакна Јове Ѓоргиевски, син на притворениот Тони Ѓоргиевски, ѝ се заканувал на неговата сестра, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.
Учесниците на протестот побараа институциите да му дозволат на Тони Ѓоргиевски да се брани од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.