На територијата на Скопје вчера во полициска сообраќајна контрола биле казнети 176 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.
Од нив, за возење со брзина поголема од дозволената биле изречени 42 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол.
-Изречени се десет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз…, соопшти МВР.
Министерството укажува дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.