Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит во негово име, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.
Вчера во 10.00 часот во Полициската станица во Кавадарци, кавадарчанецот Р.Л.(44) пријавил дека на 25 јануари добил телефонски повик од финансиско друштво дека има рата за плаќање кредит. Според пријавеното, тој не аплицирал за кредит во финансиско друштво, по што сфатил дека неговите лични податоци биле злоупотребени, појасни Самарџиев.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.