Кавадарчанец е уапсен откако бил пријавен дека се заканувал по живот на сопругата па бил агресивен кон полицаец.

На 09.08.2024 во 20.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода 39-годишен кавадарчанец, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеник при извршување службени дејствија, а претходно од страна на неговата 35-годишна сопруга било пријавено дека во семејната куќа во градот и упатувал сериозни закани по живот. За настанот бил известен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Нешто порано, во 13.20 часот, во Полициската станица Кавадарци, Ш.А.(37) од кавадаречко село пријавила дека била физички нападната од Е.М. од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.