Возилото кое утрово падна во подната фонтана на плоштадот „Македонија“ имало дозвола за движење низ пешачката зона на плоштадот издадена од Град Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска (23.11.2022) во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Плоштадот „Македонија“, товарно возило „фиат“ со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, управувано од К.Т. (31) од Република Турција, со двете предни гуми влегло во фонтаната на плоштадот. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека правното лице имало дозвола за влез на плоштадот, издадена од Град Скопје, за снимање на емисија пред Камениот мост. Увид ќе врши екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.