Вчеравечер во 23 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот О.М. од тетовско село, кој четириесетина минути пред тоа бил пријавен од неговата 24-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово, одземена му е ловечка пушка со 14 патрони и гасен пиштол, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.