Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија вчера го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско.

При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 килограми марихуана, соопштија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.