Јавното обвинителство попладнево соопшти дека денеска убиената кочанчанка немала поднесено ниту една пријава против убиецот за никакво насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот туку во јули годинава поднела пријава само за кривичното дело уцена. Појаснувањето на обвинителството доаѓа откако медиумите објавија дека 46 годишната жена која денеска до смрт беше избодена од 59 годишен кочанчанец претходно го имала пријавено осомничениот и во полиција и во обвинителство затоа што ѝ се заканувал дека ако не му даде пари тој ќе објави компромитирачки фотографии од неа.

Јавното обвинителство уште еднаш нагласува дека жртвата на денешниот кривично-правен настан во Кочани до обвинителството нема поднесено кривична пријава за насилство, загрозување или каква било физичка закана од осомничениот. Единствената пријава до обвинителството се однесува на кривично дело – уцена, без никакви елементи на физичко загрозување и по таа пријава веднаш е постапено, велат од Јавното обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.