Седум скопски училишта утрово добиле дојави за поставени бомби. Според првичните и се уште неофицијални информации, во денешните пораки испратени на меил за прв пат бил побаран и откуп.

Наводно, училиштата добиле идентичен меил во кој им се бара да платат 15.000 евра, но нема насоки како би се извршило плаќањето.

Дојавувачите наводно прецизирале дека бомбите кои ги имаат поставено нема да ги оштетат училишните згради, но дека ќе има многу жртви.

Проблемот со дојавите за бомби во средните скопски училишта трае веќе подолг период и веќе сериозно ја нарушува наставата на учениците, кои практично 2 пати неделно мора да ги напуштат објектите поради евакуацијата која што ја врши полицијата.

За среќа, сите дојави се лажни, но полицијата сепак мора да ги изврши потребните проверки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.