Жена која го изгубила своето дете во сообраќајна несреќа, вчера се обидела да се самоубие во реката Вардар, со скокање од Стариот мост во Велес. Неа ја спасил градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, пренесува МКД.мк.

За МКД.мк градоначалникот изјавил дека сосема случајно се нашол на мостот преку кој секој ден поминува враќајки се од работа и ја видел жената како се качува на оградата и се обидува да скокне. Го запрел автомобилот и ја фатил во прегратка од зад грб во дел од секунда. Ја спасил и ја симнал од оградата.

Јас не сум никаков херој. Го направив тоа што би го направил секој граѓанин во таква ситуација. Бев единствен кој во тоа време го минуваше мостот бидејќи беше некаде по 16 часот и поради топлото време немаше фрекфенција на луѓе. Жената стоеше свртена кон реката и ја прекачуваше оградата. Се стрчав и ја фатив од зад грб. Тоа беа делови од секунда, но ете, се најдов веројатно во вистинско време на местото за да ја спасам. Ја прашав: „Мајче, каков проблем имаш”, а таа не ми одговори многу. Рече само дека не сака да живее – изјавил градоначалникот Колев.

Жената која се обидела да се самоубие скокајќи во река е мајка која пред години го загубила едното дете во сообраќајка, пишува МКД.мк.

Овој настан во МВР бил пријавен вчера по 16 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.