На регионалниот пат Тетово- Скопје кај Желино вчера во пожар изгоре возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки. Огнот во возилото започнал додека автомобилот бил во движење, а при тоа возачот не бил повреден.

-Во 15 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, по кое се движело, настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.Ф.(18) од тетовска Палатица. Нема повредени лица, а со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран, информираше СВР Тетово.

Од пожарната информираа дека интервенирале две екипи со вкупно пет пожарникари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.