Пожарот што избувна во казино во Ѓорче Петров е изгаснат, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.

Претходно, градоначалникот на општината Александар Стојкоски информираше дека нема човечки жртви во пожарот.

Гори покривна конструкција на објект и се работи на терен да се санира пожарот. Не се работи за општински објект, туку за приватен, изјави Стојкоски по увидот на градежните работи за новата градинка во Волково.

(фото: МИА)

Пожарот избувна утринава, а во гаснењето учествуваа шест противпожарни возила. Поради пожарот, сообраќајот во овој дел од општината се одвиваше отежнато.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.