Во Делчево изгасен огнот кој денес попладне избувна на градската депонија Острец. Според информации од терен пожарот надвор од депонијата е локализиран и нема опасност од негово ширење.

Според информаците на градоначалникот Горан Трајковски кој е на терен заедно со директорот на комуналното претпријатие Стојче Стојчевски, во гаснењето на запалената депонија учествувале екипи на ТППЕ Делчево, Национални Шуми, и ЈКП ,,Брегалница”.

-Нема опасност да се прошири пожарот кој избувна на депонијата, околу депонијата пожарот е локализиран. Има машини, камиони, трактор, пренесуваме земја за да го потрупаме, ќе бидеме овде и во утринските часови за да го снема чадот кој се уште е присутен, информираше Трајковски.

Причината за пожарот засега не е познат иако топлото време се наведува како една од причините за негово избувнување.

Пожарот беше пријавен околу 14:00 часот од страна на жители кои живеат во блиските населби пред самата депонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.