На социјалните мрежи се споделува апел за помош во пронаоѓањето на скопјанецот Никола Гоцев.

Како што објаснува неговата сестра, тој излегол од дома околу пладне во средата, 16 ноември. Последен контакт со него е остварен со неговата сопруга непосредно по неговото излегување од дома, т.е. по напуштањето на аптека на ул. „Партизанска”, по што се упатил кон реката Вардар на риболов.

Облечен е во црни фармерки и истово сино елече од сликите, со црвено-жолта јакна. Неговото исчезнување е пријавено во полиција. Двата мобилни телефони кои ги носел со себе се недостапни, а болниците не даваат информации без налог на полиција. Ве молам, доколку некој го забележал, видел, препознал, да ми јавите. Секоја информација ќе биде од корист. Ви благодарам, вели неговата сестра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.