Истрагата за двојното убиство на 6 март во кафулето во Скопје каде жртви беа Јетон Кривањева (Жила) и Енес Исеини (Лаци) напредува, но полицијата не може да даде информации за трагите на истрагата. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека се работи на откривање на сторителите.

Медиумите во Холандија денеска пишуваа за Исеини откако неговото име се најде и во тамошен случај за убиство. Имено холандските власти го гонеле Исеини за учество во убиство на колумбиски државјанин на 16 февруари 2021 година во Берген, Холандија. Во март истата година, тој и други осомничени лица биле фатени во Малага, Шпанија и екстрадирани во Холандија. По 10 месеци поминати во притвор со судска одлука тој бил ослободен, но холандските власти му го одзеле пасошот, објави Алсат М.

Кривањева и Исеини беа убиени во близина на Скопската чаршија. Според официјалната верзија, маскирани лица влегле во локалот и пукале кон нив. Уште еден присутен во локалот беше ранет. Убијците избегале, а на периферијата на Скопје го запалиле возилото. Официјално нема осомничени, а мотивите за убиството не се познати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.