Вчера во 17 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 57-годишниот гостиварец Х.И., кој бил пријавен од неговата 58-годишна сопруга дека физички ја нападнал и дека околу 15 часот предизвикал пожар
во семејниот дом.
Со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица пожарот е локализиран, повредени лица нема, а Х.И. е задржан во Полициската станица Гостивар.
По документирање на случајот, проти него ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.