Вчеравечер околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар во Гостивар го лишиле од слобода Б.С. од гостиварско Чегране, кој претходно бил пријавен дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна маќеа.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок, соопштија од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.