ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(39) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена положба и овластувања“. Тој, во својство на помлад референт – геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, внел број од друг предмет, своерачно се потпишал и во име на овластениот потписник, фалсификувајќи го неговиот потпис, и го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка. Изготвеното лажно решение на 29.05.2024 година го испратил во Одделение за катастар на недвижности во Струга со намера да биде катастарски впишано и спроведено, додека архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш го уништил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.