Синоќа се одржал координативен состанок во Неготино за пожарите во Македонија. За него информираше градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, командирите на ТППЕ и колегите градоначалниците од општините кои се зафатени со критичните пожари, а по насока на Владата на Македонија и премиерот Христијан Мицкоски ги поставивме контурите на нашето делување и уште од вечерва продолжуваме со акција, посочува Ѓорѓиевски.

Градоначалникот потенцира дека на терен ќе бидат припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови испратени од пријателските земји и нашите капацитети, како и пожарникарите.

На овој состанок извршивме сондажа за досегашната состојба и формиравме регионален кризен штаб со седиште во Кавадарци со кој ќе координира градоначалникот Митко Јанчев. Состојбата е алармантна, но ние не седиме со скрстени раце. Со заеднички сили ќе го победиме и ова, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од кои активни утрово се 13.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.