Полициски службеници вчера кај место викано „Сушичко стопанство“, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, ги привеле А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица.
Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана, соопшти МВР.
Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство, лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.