Вчера околу 15.10 часот на ул.„Вера Циривири Трена“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Е.Ј.(19) и Н.И.(24), двајцата од Штип.

Тие биле затекнати веднаш по извршување тешка кражба во куќа, а кај нив биле пронајдени одземените предмети.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.